Русија забрани увоз на овошје и зеленчук од Албанија поради „реекспорт“ од ЕУ

Од:

Руската санитарна и фитосанитарна инспекција воведе привремена забрана за увоз на зеленчук и овошје од Албанија откако повеќепати се откриени обиди преку таа држава да се оствари извоз на производи од ЕУ во Русија која со контра-санкции забрани храна со потекло од ЕУ.

Забраната се однесува за целокупното овошје и зеленчук што се увезува во Албанија или од трети држави преку Албанија.

– Албанската страна достави 21 потврда за фитосанитарна исправност од кои 20 потврди беа фалсификати. Врз основа на тоа, заклучивме дека Албанија се користи за испорака на производи од ЕУ во Русија, чиј увоз е забранет, се вели во соопштение од руската служба.

Освен тоа, албанската страна не доставила дополнителни документи и не презела мерки за спречување на такви испораки.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва