Русија со инфлација од 10,4 отсто

Од:

Инфлацијата во Русија во неделата од 16 до 22 декември изнесуваше рекордни 0,9 отсто, со што инфалциската стапка од почетокот на годината порасна на 10,4 проценти, соопшти денеска руската статистичка агенција Росстат.

Според Росстат, стапката на инфлација од почетокот на декември изнесува 1,7 проценти.

Во споредба со минатата година, инфлацијата на годишно ниво на 22 декември изнесувала 10,5 проценти, со што се надминати и најмрачните прогнози на централната Банка на Русија за инфлациска стапка од 10,1 проценти.

Руското Министерство за економиски развој очекуваше годишна инфлација од 9,0 отсто, а Министерството за финансии предвидуваше 9,7 проценти.

Лани во декември месечната стапка на инфлација изнесуваше 0,5 отсто, а годишната 6,5 проценти.

Растот на инфлацијата во голема мерка се должи на зголемувањето на цените на прехранбените производи во текот на минатата недела. Така, зелката поскапела за 11 проценти, доматите за 7,8, шеќерот за 7,5, а краставиците за 7,4 отсто. Цените на оризот, леќата и јајцата се зголемиле од 3,0 до 3,5 проценти, а говедското месо, паштетите, смрзнатата риба, маслото, маргаринот, брашното, сирењето, тестенините и чајот поскапеле за од 1,3 до 2,0 проценти.

Според податоците на Росстат, овошјето и зеленчукот во просек минатата недела поскапеле за 5,2 проценти, бензините поевтиниле за 0,5 отсто, а цената на дизелот останала непромента.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва