Русија се приклучува кон Светската трговска органзаиција

Од:

Државната дума, Долниот дом на рускиот парламент, денеска го ратификува протоколот за приклучување на Русија во Светската трговска органзаиција (СТО), по 18 години преговори, и покрај силното противење на опозициските партии.

Од вкупно 450 пратеници на Думата, за ратификацијата гласаа 238, покрај 208 против, тројца воздржани и еден отсутен, пренесоа светските агенции.

Протоколот за приклучување ќе стапи во сила за 30 дена.

Се очекува протоколот да го изгласа и Горниот дом на парламентот, Советот на федерацијата, по што треба да го потпише и претседателот Владимир Путин.

Противниците на приклучувањето на Русија во СТО наведуваат дека овој потег земјата ќе ја преплави со евтин увоз, убивајќи го остатокот од наследената советска индустрија и зголемувајќи ја невработеноста.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади