Русија го спречува незадоволството заради економската криза

Од:

Стратфор – Вашингтон

Заради почетокот на втора рецесија за шест години во Русија, економските и финасиските проблеми почнуваат да ги притискаат луѓето и регионалните власти. Во време на тешки економски кризи, како што биле тие во 1905 и 1998 година, рускиот народ и регионалните власти традиционално реагираат против федералната влада и со тоа ја поделуваат земјата. Властите во Москва го сфаќаат тоа и преземаат мерки за да гарантираат дека ќе можат да парираат и спречат било какви социјални или регионални незадоволства и поинакво мислење.

Повеќе од една година, руската економија покажува нагол пад и пропаѓа во нова рецесија. Падот се должи на комбинацијата од фактори, вклучително и поефтинување на цената на нафтата, западните санкции и незаинтересираноста на западните инвеститори заради кризата во Украина. Тоа доведе до огромно истекувае на капитал од 160 милијарди долари во 2014 година, кое се очекива во 2015 година да стигне до 80 милијарди долари. Нестабилната рубља загуби 40 проценти од својата вредност на крајот на 2014 година, а федералниот буџет веројатно ќе прикаже дефицит од околу 45 милијарди долари во 2015 година.

Русите почнуваат да страдаат. Во март инфлацијата скокна до скоро 17 проценти во сппреба на малку под седум проценти во претходниот месец. Според анкета на јавното мислење на социолошкиот центар Левада, Русите ја оценуваат инфлацијата како најголемиот проблем за руското општество.

Поскапувањето на храната е дури уште поголемо заради наметнатата од Русија забрана за увоз на прехранбени продукти до Европската унија и од САД. Според министерството за селско стопанство, во последните шест месеци цената на зелката во Русија пораснала за 66 проценти, на кромидот за 40 проценти, на компирите за 36 проценти, а на говедското месо за десет проценти. На крајот на февруари, повеќето руски супермаркети објавија двомесечно замрзнувањее на цените за над 20 социјално важни стоки, меѓу кои и на месото, рибата, млекото, шеќерот, солта, компирите, зелката и јаболките. Некои регионални ланци, како оние во регионот Норилск, каде управува Норилкс никел, најголемиот руски рударски концерн, трпат загуби за да ги субвеницонираат цените на храната.

Проблемите раѓаат протести

Друга причина за незадоволството кај Русите е затворањето на медицински центри во некои региони, како Москва, Новосибирск и Владивосток. Во Москва од ноември се затворени близу една четвртина од стационарните медцински пунктови, што распали мали протести во престолнината.

Освен тоа, економскиот притисок го засега и трудовиот пазар во земјата. Министерстото за труд оценува дека во 2014 година биле скратени близу 154,800 работни места, а во првите два месеци од 2015 година околу 127,000. Според заменик-минстерот за труд, Сергеј Велмјајкин, повеќето од тие скратувања се во големи руски компании, како Роснефт, Ростелеком, Автоваз и Мечел, кои се управувани од државата или од олигарси. Има исто така и информации дека во реоните Мурманск и Забајкалск платите на учителите веќе со месеци не се исплатувани. Учителите од Мурманск поднеле петиција до гувернерот со која го повикуваат да го замоли претседателот Владимир Путин да ги зголеми финансиските субвенции. Учителте во Забајкалск излегоа на три мали улични протести.

Федералната влада издвои 300 милиони долари субвенции за подржување на проблемите во некои региони, како Татарстан, Алтај, Самара и Твер. Овие субвенци имаат за цел да ја подржат кризата во регонални компании, како Камаз, Автоваз, АлтајВагон и заводот за вагони Тверскаја.

Во последниве месеци во Русија се одржаа и спорадични мали протести. Членови на Комунистичката партија во Ставропол влегоа во ковчези како протест против доцнењето на пензиите од локалните власти. Во Новосибирск фармери истурија ѓубриво пред државната банка Сбербанк, носејќи транспаренти со пораки како „Банкарите се ѓаволи за луѓето“ и „Долу кредитното ропство“.

Кремљ предлага помош

Влошувањето на економската ситуација во многу региони го испровоцира Кремљ да организира социјални економски средби меѓу Путин и повеќе регионални лидери. Во последниве два месеци, Путин се сретна со управителите на Курск, Карелија, Астрахан, Москва, Тула, Иркутск и Калининград, како и на републиките Северна Осетија и Хакасија.

Повеќето локални власти во Русија се подготвени да се справат со оваа економска криза – 63 од 83-те регионални влади се исплашени од банкрот заради долговите кои ги имаат или од кусокот за следните неколку години. Од финансиската криза 2008-2009, долговите на регионалните влади се зголемија за над 100 проценти. Според рејтинг агенцијата Стандард енд Пурс, задолжувањата на регионалните влади во 2015 година ќе достигнат 103 милијарди долари. Општиот државен долг на Русија (збир на долговите на федералната и регионалните влади) е околу 300 милијарди долари или 14 проценти од БДП на земјата. Тоа е мал процент за толку голема држава како Русија, но проблемот е што токму поголемиот дел од долгот е концентриран во регионите кои не располагаат толку многу со инструменти за намалување на своите задолженија, како федералната влада.

Кремљ се плаши дека влошувањето на економската ситуација може да натера некои регионални лидери да се тргнат настрана од некои стратегии на федералните власти, на пример – како да се справат со протестите или како да распределат средства или да плаќаат даноци.

Локалните управници се под притисок на се понезадоволното населние и бизнис лидери како и на федералната влада. Поточно кажано, Кремљ сака регионалните влади да продолжат да плаќаат извонредно високи даноци, наместо да си ги задржат парите дома. Од даноците и прихдите кои се генерирани во секој регион, таму остануваат едвај 37 проценти, а останатие одат во федералниот буџет. Дел од парите, но не повеќе од 20 проценти, се враќаат во форма на субвенции.

Како одговор на ова, федералната влада одобри план за преструктуирање на кредитите кои регионите ги зеле од федералниот буџет. За преструктуирањето Кремљ издвоил 1,6 милијарди долари, а враќањата се одложени за 2025 до 2034 година.

– Не можеме да ги оставиме субјектите на федерацијата да се справуваат со тоа сами, изјави премиерот Дмитриј Медведев одобрувајќи го планот – излез од опасностите за Кремљ од неусогласеноста и нестабилноста во регионите. За Кремљ и без тоа е доволно проблематично да ги контролира сите 83 региони во Русија, дури и кога нема економска криза и социјални бранувања. На Кремљ му е јасно дека фрагментацијата и бранувањата можат да доведат до смена на владата; и самиот Путин дојде на власт при слична ситуација. За да ја зачува стабилноста во регионите при финансиската криза во 1998 година, регионалните лидери почнаа да се тргаат настрана од федералната политика за справување со протестите и од плаќање на федералните даноци.

Внимателност кон поинаквото размислување

Освен програмите заа финансиска помош, Кремљ разработува и начини како да наложи строги мерки врз регионалнните лидер, ако тие започнат да пројавуваат несогласност или не успеат да ги контролираат своите региони.

На 30 март, поврзаната со Кремљ тинк-тенк Фондација за развој на граѓанското општество, објави рејтинг на најдобрите и најлошите регионални лидери. Истражувањето беше поврзано најмногу со подбрувањето на социјалните и економските услови во регионите. Фондацијата најави дека ќе објавува вакви истражувања на секои три месеци, така што сега Кремљ ќе располага со тримесечна проверка на компетентноста на регионалните лидери.

Путин никогаш не се плашел да ги менува шефовите на регионите. Од почетокот на годинава, тој на функции назчани нови раководители на шест региони – Татарстан, Амур, Сахалин, Јамало-Ненецк, Ханти-Мансијск и Еврејската автономна област. Изгледа Путин не е сигурен дека сите гувернери и регионални раководители си го знаат своето место и создал систем да испраќа општествени пораки меѓу оние гувернери кои не ја следат неговата политика.

Фактот што Путин го стега стисокот околу власта може и да не буди полемика меѓу Русите. За време на финансиската криза во 1998, околу 71 проценти од Русите верувале дека зачувувањето на редот во земјата е поважно од демократијата, стои во анкета на Левада. Интересно е дека на 31 март, Левада објави резултати од анкета според кои 45 проценти од Русите се убедени дека суровите мерки на советскиот лидер Јозеф Сталин во периодот на економски проблеми биле оправдани – што е нагол пораст во споредба од едвај 25-те проценти во 2013 година.

Следствено, додека земјата останува стабилна, Русите веројатно се повеќе ќе ги поддржат строгите мерки и посилниот стисок на Кремљ.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва