Ристески: Пријавени повеќе од 6.000 лица за самовработување

Од:

Во Радовиш и Гевгелија денеска се одржаа информативни денови за мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година.

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески изрази задоволство од големиот интерес за мерката за самовработување, на која до Агенцијата за вработување се пристигнати пријави на повеќе до 6.000 лица. Тој се осврна и за најновата мерка која е достапна од вчера, а тоа е директна помош за компаниите.

– Станува збор за мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“, подмерка – Вработување и раст на правни субјекти, преку која се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средните претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Со мерката на претпријатијата им се дава грант за вработување на невработени лица, каде истата се движи од 160.000 до 220.000 денари, во зависност од целната група, а работодавачот е должен да го задржи ново вработеното лице на работа од 9 до 15 месеци (во зависност од целната група). Сите заинтересирани работодавачи кои сакаат да ги искористат поволностите од оваа мерка, можат да аплицираат до Агенцијата за вработување до 04.07.2025 година – кажа Ристески.

Градоначалниците на Радовиш, Ацо Ристов, на Конче, Златко Ристов, и на општина Гевгелија, Андон Сарамандов ги поздравија мерките од Оперативниот план за вработување и искажаа задоволство од покажаниот интерес за самовработување во нивните општини.

Тие упатија апел до сите компании да се запознаат со деталите од јавниот повик за Вработување и раст на правни субјекти во било која од 30-те подрачни центри за вработување на АВРМ и да аплицираат со цел да ги искористат поволностите кои се нудат.

Би можело да ве интересира

Ристески: Досега се пријавени повеќе од 6.000 лица за самовработување

Ристески: Нема одложување на мерката за објавувањето на цените, ќе се интензивираат контролите

А1он

Ристески: Легитимна е донесената одлука на Владата за усогласување на минималната плата

Поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески доби кривична пријава

Жарко Настоски

Марјан Рисески осуден за несовесно работење на парична и условна затворска казна

А1он

Кривични пријави за екс министерот Диме Спасов и градоначалникот Марјан Ристески

А1он