Рекордна стапка на невработеност во еврозоната од 11,8 отсто

Од:

Стапката на невработеност во 17-члената еврозона порасна во ноември на рекордни 11,8 отсто, покажуваат денеска објавените податоци на европската агенција за статистика на Евростат.

Тоа е пораст oд октомвриските 11,7 отсто, а бројот на невработените во 17-члената еврозона во која живеат околу 330 милиони луѓе, сега изнесува 19 милиони – што е за два млиони повеќе во однос на истиот месец во 2011 година, се наведува во извештајот на Евростат.

Бројот на невработени во 27-члената Европска унија, по прв пат од избивањето на финансиската криза надмина 26 милиони.

Соочена со пукање на секторот на недвижности од 2008 година и ослабените домашни банки, Шпанија забележа најголема стапка на невработеност од сите европски земји од 26,6 отсто, што е дури повеќе од Грција.

Според податоците на Евростат, ноемвриската стапка на невработеност во САД била 7,8 отсто, а во Јапонија 4,1 отсто.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа