Раст на БДП од 3,7 отсто во последниот квартал од 2018 година

Од:

Бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2018 година пораснал за 3.7 отсто, соопшти денеска Државбиот завод за статистика.

Најголем пораст е забележан во секторите: градежништво од 19.6 отсто; уметност, забава и рекреација, други услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 14.0 проценти; трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7.9 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје лани, номинално забележа раст од 6.3, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62.4 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 23.0, а увозот на стоки и на услуги за 21.5 проценти.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата