Раноградинари од струмичко: Не се почитува договорената откупна цена на пролетната зелка

Од:

Раноградинари од струмичкото село Куклиш реагираат дека не се почитува договорената откупна цена на пролетната зелка во Струмичко, која вчера почнала да се откупува по десет денари за килограм, иако на почетокот на минатата недела беше договорено откупната цена да изнесува 15 денари до 20 април.

– Поголем дел од нашите производи се извезуваат директно од откупните центри, а повеќето од нив не ја сообираат пролетната зелка, додека дел од нив ја откупуваат за 10 денари по килограм што е за пет денари помалку од договорената цена од Министерството за земјоделство, која требаше да биде применувана до 20 април. Ние го повикуваме министерот и заменик-министерот да преземат мерки во најбрз можен период, стои во јавното обраќање на раноградинарите од село Куклиш.

Откупувачи, со кои разговаравме, потврдија дека од вчера пролетната зелка се откупува за десет денари за килограм. Според нив, тоа се должи на намалената побарувачка од пазарите каде се извезува зелката, но и на неединството на откупувачите.

-Реално е трговци кои купуваат од нас да бараат пониски цени, бидејќи факт е дека побарувачката за пролетната зелка од ден на ден е се помала. Но, мора да се истакне дека откупувачите не се единствени во понудата кон странските пазари и не се придржуваат на договорената цена од 15 денари за килограм. Кога некој од станство ќе побара зелка и понудата од сите ќе биде 15 денари, тогаш нема да бара поевтина цена, туку ќе мора да купи по договорената цена, ни рекоа повеќе откупувачи од Струмичко.

Инаку, откупната цена од 15 денари за килограм пролетна зелка беше договорена минатиот вторник на средба на отупувачите и министерот за земјоделство во Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата