Работилница за подобрување на сметководствените услуги

Од:

Имплементација на најдобрите меѓународни практики во развојот на сметководствената професија во Македонија, како и подобрување на контролата на компаниите кои вршат сметководствена дејност, беше целта на денешната стручна работилница на сметководители со меѓународно искуство, во организација на Институтот на овластени сметководители и сметководители (ИСОС) и Сојузот на сметководители на Македонија.

Претседателот на Институтот Ленче Папазовска појасни дека практиките ќе помогнат во примената на новиот Закон за вршење на сметковотствени работи.

– Оваа проактивна работа на работната група ќе даде голем придонес во развојот и подобрување на квалитетот на услугите на сметководителите во Македонија, истакна Папазовска.

Информира дека работната група на професионални организации е формирана на Интернационалниот форум во Атина во 2015 година и има цел да им помогне на земјите од регионот да го подобрат квалитетот на сметководствените услуги и воспоставување на високо ниво на стандардизација при усвојување на ICAEW – политиките и процедурите за обезбедување на квалитет, како и да се подобри контролата на компаниите кои вршат сметководствена дејност и сметководителите поединци.

Според извршниот директор на Меѓународниот форум на сметководители со седиште во Брисел Мартин Манузи, на работилницата, која е последна од серијата четири работилници кои се проактивни и се наменети за сметководителите во регионот, ќе можат да се споделат знаења и искуства за подобрување на работењето на сметководителите.

Покрај истакнатите предавачи од Англија Мартин Манузи, Џенет Хартс и Сиан Ватсон на дводневната работилницата учествуваат и ревизори и финансиски работници од Федерацијата на Босна и Херцеговина, Институтот за овластени ревизори на Црна Гора, Здружението на сметководители и ревизори на Република Српска, од Србија…

Во Македонија од Институтот досега се издадени 9.153 уверенија на овластени сметководители и сметководители.

На новинарско прашање за загубите од политичката кризата во Македонија, Папазовска рече дека според информациите на сметководителите кои имаат увид во сметките на компаниите не се забележува промена во профитот, односно нема пад, или, како што рече, некаде се забележува поголем профит во однос на минатата година, со исклучок на одредени дејности каде што е намален.

Би можело да ве интересира

Сметководителите бараат да имаат и права не само обврски

Ана Ололовска

Конференција за примена на законот за вршење сметководствени работи

Ана Ололовска

ВИДЕО: Со полиција сметководителите ги спречија колегите да влезат на седницата, тензично во хотелот „Порта“

Ана Ололовска

Влијанието на сметководството врз економскиот раст на државата

Ана Ололовска

Нов тарифник за книговодствени услуги од 1 јули годинава

Ана Ололовска

Работилница за примена на меѓународните практики во сметководството

Ана Ололовска