Нов тарифник за книговодствени услуги од 1 јули годинава

Од:

Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори смета дека со стапувањето во сила на Тарифникот за висина на минимални надоместоци за вршење книговодствени услуги од 1 јули годинава ќе се подигне нивото на сметководствената дејност.

Со новиот тарифник лицата кои нерегистрирано вршат дејност ќе треба да го регулираат работењето согласно законите за забрана за вршење на нерегистрирана дејност и за вршење сметководствени работи.

– Овој тарифник всушност не е ценовник, туку се работи за донесување по прв пат на тарифник за утврдување на надоместок, кој ги опфаќа трошоците на работењето на секој вршител на сметководствената дејност – книговодствени односно сметководствени работи. Веруваме дека со стапувањето на сила на Тарифникот во голема мера ќе се подигне нивото на квалитет на сметководствената дејност во целина, рече денеска на прес-конференција Маја Георгиева, член на УО од ГМ Консалтинг ДООЕЛ, членка на Комората на сметководители.

Од Комората информираат дека спровеле низа активности за подобрување на квалитетот при вршење сметководствени работи со цел регулирање на професијата и заштита не само на компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, туку на сите останати компании корисници на услугите.

Според претседателот на Комората на сметководители на Македонија, Драган Митковски, направени се сите чекори за подигнување на позицијата на сметководствената професија во нашата земја.

– Неопходно е обезбедување соодветен квалитет при изготвувањето на финансиските извештаи и правилна примена на прописите од областа на фискалната политика на државата. Познато ни е на сите од каква важност се сметководствените извештаии и тоа како за корисниците на нашите услуги така и за општествената заедница, државата, банките и инвеститорите. Станува збор за склоп и успешно функционирање на сите чинители во насока на подигнување на стандардите за работа, како и расчистување со нелојалната конкуренција која го спушти нивото на сметководствената фела, изјави Митковски.

Според Сашo Раденковиќ, член на Управниот одбор на Комората, прецизирањето на минималните надоместоци за вршење на книговодствени услуги значи гаранција и заштита за нив како сметководители, како и за останатите компании како крајни корисници на нашите услуги.

– Со воспоставување прецизни правила на пазарот за давање услуги кон клиентите ќе дојде до намалување на нелојалната конкуренција, ќе се прецизираат критериумите, цената и правилата за подигнување на ниво и на квалитет како гаранција за сработеното. Така ќе бидат заштитени сите засегнати страни. Со формирање минимум надомест за покривање на трошоците кои нашите колеги ги имаат при вршењето на книговодствените услуги, како и цена по час за консултантски услуги од областа на сметководство и финансии слично како и кај останатите дејности, очекуваме дека во голема мерка ќе се регулира сметководтвената професија, изјави Раденковиќ.

Како што наведе потпретседателот на Комората Ангелко Грозданов, досега сметководствената професија во Македонија била несоодветно регулирана. – Со години наназад, во отсуство на законска регулатива, нелојалната конкуренција односно работењето на сметководство во општо земено импровизирани услови ги рушеше и цените на регистрираните компании. Значи севкупното усовршување на професијата сметководител како и на дејноста сметководство беше речиси неопходно да се регулира и поради потребата од нејзино константно подобрување и на содржината и на квалитет, рече Грозданов.

Би можело да ве интересира

Сметководителите бараат да имаат и права не само обврски

Ана Ололовска

Конференција за примена на законот за вршење сметководствени работи

Ана Ололовска

ВИДЕО: Со полиција сметководителите ги спречија колегите да влезат на седницата, тензично во хотелот „Порта“

Ана Ололовска

Влијанието на сметководството врз економскиот раст на државата

Ана Ололовска

Работилница за подобрување на сметководствените услуги

Ана Ололовска

Работилница за примена на меѓународните практики во сметководството

Ана Ололовска