Просечната нето плата во Романија во февруари годинава достигна 2.487 леи или околу 500 евра, што е за 11,2 отсто повеќе во однос на истиот период од претходната година, покажуваатподатоците на Националниот институт за статистика.
Најдобро платени се вработените во ИТ секторот, со просечна нето плата во февруари од 6.134 леи (околу 1.300 евра). Зголемувањето е девет отсто во однос на истиот период минатата година.
Најмали плати имаат вработените во хотелите и рестораните – 1.500 леи (околу 315 евра).
Најзначајниот пораст на просечната нето плата, од 12,8 отсто, е забележан во фармацевтската индустрија, потоа следи производството на тутун – 10,1 отсто и кино, видео и телевизиска продукција – помеѓу 3,5 и седум отсто, посочува весникот „Котидианул“.
Најголем пад на просечните нето плати, од седум проценти, е забележан кај осигурителните компании и пензиските фондови, а меѓу три и пет проценти е намалувањето на платите кај транспортерите на нафта и природен гас.