Интегрираните туристички понуди во Брегалничкиот регион се производ на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – излезна фаза, проект на Владата на Швајцарија, координиран од Фармахем од Скопје.
По прогласувањето на дел од Осоговските планини (2020) и Малешево (2021) за заштитени подрачја, регионот добива нова можност за развој во насока на подобрување на социо-економските услови за живот, во хармонија со природата.
Како дел од компонентата за развој на активен, одржлив, алтернативен и рурален туризам, во рамки на проектот во изминатава година се спроведоа активности за подобрување на туристичката услуга во регионот и внесување на нови како и подобрување на постоечките содржини кои се нудат. Заедно со тур операторите Balkan Prime Tours и Mountain experience беа поддржани 8 различни даватели на услуги од областа на туризам кои нудат автентични активности за туристи, без негативно влијание врз околината.
Заштитените подрачја и нивната околина треба да се развиваат во насока на одржливо користење на природата, зачувување на локалните традиционални обичаи и начин на живот, промоција на убавините кои ги имаат и мотивација за населението кое живее таму да престане да ги следи трендовите на миграција кон урбаните средини или надвор од државата.
Поддржаните иницијативи вклучуваат: работилница за рачно изработен сапун од природни состојки http://mysoap.eu.mk/ во Мојот сапун, посета и престој во Едукативен центар за зачувување на природата во Негрево https://ecnegrevo.mk/ , ранч за коњи и терапија со животни Countryside retreat https://the-countryside-retreat.business.site/ , дегустација и престој на овчарска фарма Агро Чука, часови по традиционална музика во етно-културен центар Алачки во Владимирово, планински велосипедизам на Осогово и Малешево преку здружение на граѓани за развој на заедницата од Берово и хотел Градче https://www.facebook.com/eurohotelgradce и апитерапија на пчеларска фарма Кладенче.
https://www.facebook.com/profile.php?id=100086596175179
Повеќе од 10 години, Владата на Швајцарија преку Програмата за зачувување на природата помага за одржлив развој на Брегалничкиот регион преку спроведување на низа активности поврзани со зачувување и промоција на биолошката разновидност. Повеќе информации за проектот може да се најдат на http://www.bregalnica-ncp.mk/dokumenti/.
ПР Текст