Проект од 700.000 евра за уредување на пазарите

Од:

Со 700.000 евра поддршка од ЕУ, до 2020 година во Македонија ќе се спроведува проект за уредување на пазарите.

Корисник на проектот ќе биде Министерството за земјоделство, а целта е јакнење на позициите на производителите во вредносниот синџир на обезбедување храна, промовирање соработка меѓу засегнатите страни и поддршка на транспарентноста, стабилноста и правичноста на пазарот,

-Со проектираните активности дополнително ќе се придонесе за остварување на еден од приоритетите – регулација на пазарите за овошје и зеленчук и целосно поврзување на синџирот, од производство до преработка и пласман, рече министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Заштита од пазарни нарушувања причинети од флуктуации на цени или други случувања, поддршка на пазарот во случај на епидемија од болести на животни или губење на довербата на потрошувачите поради ризици по нивното и здравјето на растенијата и животните, нов резервен фонд за кризи во земјоделството, се само некои од вонредните мерки опфатени со одредбите за уредување на пазарите.

На настанот по повод официјалниот почеток на проектот беше напоменато дека Владата почна со создавање институционална, правна и политичка средина за реформските политики како што се консулидацијата на земјиштето и поддршката на задругите, но административните капацитети се уште не се доволни за целосно реализирање на политиките, ниту корисниците на политиките се целосно информирани за новите можности што треба да произлезат од реформите. Зголемување на пазарните можности, на економскиот развој и на севкупната продуктивност во земјоделството со унапредување на конкурентноста согласно барањата за членство во ЕУ, е клучната цел на проектот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата