Продолжува падот на рубљата и покрај драстичниот скок на основната камата

Од:

Руската рубља продолжува да ја губи својата вредност во однос на конкурентските валути и покрај вчерашната одлука на централната Банка на Русија за драстично зголемување на основната каматна стапка од дотогашните 10,5 на 17 отсто.

Вредноста на рубљата и денеска се намалена, со што таа оваа година загуби 50 отсто од својата вредност во однос на американскиот долар.

Финансиски експерти предупредуваат дека руската национална валута може и натаму да „пропаѓа“ без разлика на „шокантната постапка“ за зголемување на основната камата за цели 6,5 процентни поени, која се оценува како „очајничка постапка“ на централната Банка за спас на рубљата.

Експертите во Москва стравуваат дека руската валута може да падне до ниво како никогаш во својата досегашна историја.

Причина за ваквата ситуација се големиот пад на цените на нафтата на светските берзи, како и острите санкции што САД и ЕУ ги воведоа за руската економија, откако Западот ја обвини Москва за директна вмешаност во украинската криза.

Нафтата, сепак, ги создава главните проблеми, па Светската банка проценува дека Русија се соочува со длабока рецесија и силен пад на домашната економија до 0,7 отсто во 2015 година, доколку не се запре падот на цената на нафтата.

Нејзината цена за само триесетина дена се намали за околу 30 долари и сега се движи околу 50 долари за барел, што е проблем не само за Русија, туку и за другите земји произвдители на нафта. Експерти предупредуваат дека цената на нафтата може да падне и до рекордните 30 долари за барел, до крајот на јануари 2015 година.

Земјите на ОПЕК минатиот месец на итен состанок во Виена разговараа за настанатата ситуација со цената на нафтата и дел од нив заговараа намалување на дневното производство, но под притисок на Саудиска Арабија, најголемиот светски производител и богатите земји од Персискиот Залив, не беше постигната согласност за намалвање производство со цел да се зголеми цената.

Претходно, претставници на рускиот нафтен сектор најавија дека ако работите околу цената продолжат да се влошуваат, Русија ќе го намали дневното производтсво на нафта.

Кризата во економијата и ослабнатата рубља ја користет политичките противници на претседателот Владимир Путин. Западните медиуми кои и даваат голем публицитет на руската финансиска криза, тврдат дека опозицијата го обвинува Путин оти земјата „нема пари за образование и здравство, а има пари да војува во Украина“.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва