Продолжува падот на потрошувачката во Јапонија

Од:

Домашната потрошувачка во Јапонија во ноември се намали, осми месец по ред, за 2,5 отсто во однос на истиот месец лани.

Тоа сепак е понизок пад во однос на октомври, кога потрочувачката на годишно ниво се намали за четири отсто, покажува официјалната статистика.

Јапонците многу ја намалија потрошувачката по зголемувањето на стапката на данокот на додадена вредносст во април, што предизвика и пад на БДП во вториот квартал за 1,7 отсто и за 0,4 отсто во третиот, со што јапонската економија западна во рецесија.

Извори во јапонската Влада најавија дека премиерот Шинѕо Абе планира да издвои околу 29 милијарди долари за поттикнување на економијата, со цел Јапонија да излезе од рецесија.

Планот вклучува и субвенции и програми за отворање на работни места, а ќе се фокусира на пружање на поголема поддршка на семејствата со пониски примања и на регионите чии економии се во застој, за кои се предвидени 3,5 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски