Продажбата на „Икеа“ достигна до 27,9 милијарди евра

Од:

Продажбата на шведскиот гигант за мебел „Икеа“ порасна за 3,1 отсто на вкупно 27,9 милијарди евра во текот на претходната деловна година, односно од септември 2012 до август 2013 година, во споредба со претходниот едногодишен период.

Порастот на продажбата, јави дописникот на МИА од Гетеборг, во добар дел е резулатат на зголемениот број трговски центри на „Икеа“ во разни земји.

Продажбата, мерена во споредливи трговски центри на „Икеа“, пораснала за 1,8 проценти. Продажбата бележи најголем пораст на пазарите во Русија и Кина.

Во Шведска има мал пад на прометот во последниот период, според соопштението за медиуми од „Икеа“. Инаку, „Икеа“ во неколку наврати најави отворање на нови трговски центри, меѓу другото, и во балканските земји.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата