Приштина и Скопје согласни со дијалог да најдат решение

Од:

Неопходно е да се отстранат сите трговски пречки меѓу Македонија и Косово и да се овозможи слободно движење на луѓе, стоки и услуги, е заклучено на денешната средба во Приштина на македонскиот министер за економија Ваљон Сарачини со заменик претседателот на косовската Влада и министер за трговија и индустрија Мимоза Кусари-Лила и министерот за финансии Бесим Беќај.

– Надминување на ситуацијата е врвен приоритет на двете земји. Мора да ги искористиме сите расположливи механизми и да почнеме конструктивен дијалог.

Бидејќи тоа е во интерес на економиите и на Република Македонија и на Република Косово, а пред сè е во интерес на граѓаните. Македонија сака решение и надминување на оваа ситуација и ние сме подготвени за дијалог. Оваа за ситуација за нас е непосакувана и затоа мора да ги вложиме сите напори во интерес на двете земји. Мерките што ги воведе Владата не беа наменети против Косово, но сега е најбитно да се најде решение и излез од ситуацијата, изјави Сарачини по средбата со косовските министри.

Вицепремиерот и министер за трговија и индустрија на Косово Мимоза Кусари-Лила посочи дека Приштина е отворена за соработка и очекува за скоро време да се надминат сите проблеми.

– Очекувам и во наредните денови да разговараме со несмален интензитет, со оглед на фактот што станува збор за покомплексно прашање и да најдеме заедничко решение со кое ќе се овозможи надминување на новонастанатата ситуација, рече Кусари.

Средбата во Приштина следува по одлуката на Косово да забрани увоз на македонски пероизводи, на што македонската Влада одговори со воведување такса за косовските државјани при влез во Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница