Претседателот на Еврогрупата вети дека ќе работи со новата грчка Влада

Од:

Претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејслеблум, вети дека ќе работи со новата Влада, која ќе се формира по изборите во Грција на 25 јануари, но Атина ја повика да ја продолжи политиката на штедење, пренесоа француските медиуми.

Дејслеблум, кој е и холандски министер за финансии, исто така, подвлече дека Европа може да понуди поголема помош доколку Грција  ги исполни своите ветувања за реформи.

-Каква и да биде новата Влада, ние ќе работиме со неа, посочи тој пред група новинари во Токио, каде пристигна во куса работна посета. „Тоа нема да ја смени нашата политика, ниту нашата соработка со Грција“ подвлече тој.

Дејселблум ги повика грчките избирачи да си поведат сметка за
финансиската состојба во нивната земја, која покажува големи тешкотии. Тој дополни дека „кога нема доволно парични трансакции не може ни да се троши, а тогаш никој не дава заеми, нема буџет“.

Првиот човек на Еврогрупата потсети дека сегашната спасувачка програма треба да продолжи до крајот на февруари, пред Грција да ги почне преговарите за своето натамошно финансирање.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент