Прекинат бојкотот на машиновозачите, од утре целосно нормализирање на железничкиот сообраќај

Од:

Од попладнево е прекинат бојкотот на машиновозачите откако се исполнети нивните барања – исплатен е вториот дел од февруарската плата и патни трошоци за март.

Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот и извршниот персонал Тони Димовски во изјава за МИА потврди дека се исполнети нивните барања и дека од попладнево се очекува да биде нормализиран товарниот сообраќај, а од утре од шест часот и патниот сообраќај.

Синдикатот вчера имал средба со раководството на претпријатието на која им било ветено дека денеска ќе биде исплатена платата.

Бојкотот на машинскиот и помошниот персонал во Железници на РСМ Транспорт траеше 12 дена, период во кој во прекин беше и патничкиот и товарниот железнички сообраќај.

Би можело да ве интересира

Штрајк на наставниците во Тел Авив, судот го ограничува времетраењето на прекинот на работата

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Доколку не се зголеми минималната плата, ССМ најавува генерален штрајк

Горан Наумовски

Општ штрајк во Белгија, бунт против реформите на новиот премиер

Горан Наумовски

Деаноски: Ако не се постигне договор, не се исклучуваат штрајкови и тужби

Што подолго без договор, поблиску до прекин на наставата-ниту законот на Груевски не може да спречи штрајк

Предраг Петровиќ