Позитивен одговор на Еврогрупата на писмото од Варуфакис

Од:

Претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум позитивно одговори на писмото на грчката Влада во кое се предлагаат неколку реформски мерки, со цел за возврат да се добие финансиска помош.

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во петокот испрати писмо до Дејселблум, пред клучниот состанок на министрите за финансии од еврозоната кој треба да се одржи утре во Брисел.

Во писмото се предлагаат седум клучни реформски мерки со кој ќе се убедат кредиторите да и овозможат на Грција нова транша финансиска помош.

Меѓу овие предложени мерки се и плановите за скротување на бирократијата, зголемување на заработувачката од коцкање преку интернет и ангажирање даночни инспектори кои не се професионалци, вклучувајќи ги и туристите, кои би помогнале во акцијата против лица кои избегнуваат плаќање данок.

Варуфакис истакна перед медиумите дека е оптимист пред утрешните разговори.

Новата Влада во Атина има рок до следниот месец да достави предлог-реформи до своите кредитори (ЕУ и ММФ) со цел да добие „зелено светло“ за својот план за четиригодишно економско опоравување.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент