Повеќе од 200 општини ги склучиле договорите за финансиски средства за инфраструктурни проекти

Од:

Повеќе од 200 општини ги имаат склучено договорите со кои треба да добијат финансиски средства за реализација на инфраструктурни проекти, а само два ќе треба повторно да се објават заради технички проблеми, изјави денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински.

– Задоволни сме од работењето на локалните самоуправи заради тоа што повеќе од 200 од вкупно 288 проекти што се контрактираа за да добијат средства од централниот Буџет, веќе се склучени договорите и ќе влезат во фаза на изведба. Само два од овие 288 договори ќе треба повторно да се објават заради технички проблеми заради јавните набавки. Очекуваме со подобрување на временските услови, градежна и екномска експанзија на целата територија, рече Перински во изјава за медиумите во Штип пред вториот консултативен состанок за Предлог-измените на Законот за локална самоуправа.

Новиот повик очекува да биде објавен на почетокот на февруари, а претходно во последната недела од јануари да помине на владина седница.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СДСМ обвинува за тендерски мрежи во општините на ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Димитриеска-Кочоска: Исплатена првата транша од 10,4 милиони евра за поддршка на домашните компании од унгарскиот заем

Мицкоски: Унгарскиот заем беше потребен за да се подобрат условите за живот на граѓаните

Перински и Ганиу ќе ги чекаат анкетите на нивните партии за да видат дали ќе ги кандидираат на локалните избори

Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем

До крајот на мај ќе се знаат кандидати за градоначалници на коалицијата „Твоја Македонија“, Перински има амбиција за Скопје