Потпишани договорите од вториот повик за млади земјоделци, од следната година поддршката се зголемува на 20.000 евра

Од:

Денеска започна потпишувањето на договорите за мерката „Помош за млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“.

Финансиската поддршка за оваа мерка е до 10.000 евра во форма на грант. Вкупно се потпишуваат 102 договори.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, посочи дека со оваа мерка се излегува во пресрет на младите земјоделци кои имаат желба да се занимаваат со земјоделство, да инвестираат во сопственото земјоделско производство и да започнат свој бизнис.

„Младите луѓе во руралните средини се нашиот главен приоритет и работиме посветено на поголема поддршка за нивниот развој. Со поддршката на младите, ќе се придонесе за развој на руралните средини, вработување преку отворање на соствен бизнис на младите луѓе, внесување на нови и модерни технологии, што крајно ќе резултира со зголемено земјоделско производство “, изјави министерот Димковски.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, посочи дека проекти и бизнис планови од млади земјоделци има во сите региони, проектите се од различни области.

„Со задоволство можам да кажам дека за разлика од минатиот оглас на овој сега има мошне креативни идеи за развој на нови бизинси во агро – секторот а кои ќе бидат менаџирани од млади. Сретствата се неповратен грант а со овие пари апликантите ќе набават: сенопревртувачи, машина за нижење на тутун, млин за сточна храна, машина за извлекување на коски од сува цреша, комплетна опрема за пчеларство, собирач за лешници, апарат за тресење на сливи“, изјави директорот Бабовски.

Инаку, на само двата повика за млади земјоделци објавени досега, склучени се 526 договори за инвестиции. Со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој, финансиската поддршка за новиот оглас што ќе се објави следната година, се зголемува на 20.000 евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата