Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија информира дека донела Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,73 % во однос на одлуката од 28 април годинава.
Како што известуваат од РКЕ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,510 ден/кг и сега ќе изнесува 52,294 ден/кг.
„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,350 %, кај дизелот за 2,503%, кај екстра лесното масло за 2,674% и кај мазутот намалување е за 0,222%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,225%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, соопштува РКЕ.