Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека донела Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42% во однос на одлуката од 21.07.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,597%, кај дизелот за 1,488%, кај екстра лесното масло за 1,374% и кај мазутот зголемување за 2,738%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,011 ден/кг и ќе изнесува 52,466 ден/кг, информира РКЕ.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,263%.
– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштуваат од РКЕ.