Полска во 2015 година ќе реши дали да го прифати еврото

Од:

Полска во 2015 година ќе реши дали да го прифати еврото, изјави претседателот Бронислав Коморовски.

Коморовски појасни дека одлуката треба да биде донесена по парламентарните и претседателските избори по две години. – Дотогаш е неопходно да се фокусираме врз покривањето на неопходните критериуми за воведување на еврото, истакна тој.

Полски експерти, меѓутоа, потсетуваат дека пред да влезе во еврозоната, земјата прво треба да се присоедини кон Европскиот монетарен механизам и да поминат две години.

За воведување на еврото освен тоа е неопходно да бидат преземени соодветни промени во уставот и јавноста да биде убедена да се откаже од националната валута – злотата, нешто кон што голем број Полјаци се однесуваат скептично.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има најсилна армија во регионот, но и најсилна економија

Дуда: Украина ќе мора да направи компромис за да стави крај на војната

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски