Погодена е главната рафинерија за нафта во Бахреин

Од:

Главната рафинерија за нафта во Бахреин беше погодена денес, а пожарот предизвикан од ирански ракетен напад оттогаш е ставен под контрола.

Рафинеријата сега работи непречено, објавија официјални лица на островската држава во Перискиот Залив.

Сепак, снимките од местото на настанот ставаат голем прашалник врз овие тврдења.

Во соопштението на Националниот комуникациски центар на Бахреин, беше наведено дека пожарот избувнал во една единица од рафинеријата „BAPCO Energies“ на бахреинскиот остров Ситра, по ракетен напад, објави Ал Џезира.

Официјалните лица потврдија дека нема повредени и дека производството во рафинеријата продолжува додека се проценува штетата.

Рафинеријата ја управува државната нафтена компанија BAPCO и се наоѓа на источниот брег на островот Ситра, јужно од главниот град Манама.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во нафтен комплекс во Бахреин

Горан Наумовски

ИРГК објави: Нападнат е центарот на Амазон во Бахреин

Гори рафинеријата Мина ал-Ахмади по напад со беспилотни летала

Формула 1 ги откажува трките поради конфликтот на Блискиот Исток

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Иран ја нападна рафинеријата во Хаифа

Се огласија сирени во Бахреин