Поевтинуваат горивата

Од:

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за два, односно за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97 отсто во однос на важечките малопродажни цени на нафтените деривати утврдени од страна на трговците на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 71, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 73 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за два денара по литар се намалува цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и ќе изнесува 64 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за еден денар по литар и ќе чини 53,5 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 0,959 денари за килограм и ќе изнесува 35,964 денари.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95