Поевтинуваат горивата

Од:

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денес донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,39% во однос на одлуката од претходниот ден.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,085 ден/кг и сега ќе изнесува 51,564 ден/кг.

Од 8.7.2022 година одмаксималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 105,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 108,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,564 (денари/килограм)

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95