Бензините поевтинуваат за 4,5, а дизелот за 3,5 денари

Од:

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 4,5 денари, а дизелот за 3,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според РКЕ, литар ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се продава за 78 денари, а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 79,5 денари.

Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ изнесува  67 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинства 55,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 HC се намалува за 2,228 денари за килограм. За килограм од тој енергенс ќе се плаќа по 40,243 денари.

Во просек малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат за  5,33 проценти. РКЕ ја донесе одлуката за намалувањето врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95