Бензините поевтинуваат за 3,5 денари, а дизел горивата за 3 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 80 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) ќе чини 67,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 56 денари за литар.
За 2,47 денари поевтинува и мазутот, и ќе чини 42,378 денари за килограм.
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,21%, а малопродажните за 4,65%.
Одлуката стапува на сила од полноќ.