Пилот-проект во Шпанија за скратена работна недела со иста плата

Од:

Шпанија тестира скратена работна недела со еднаква плата како дел од мал пилот проект, објави државната телевизија RTVE, цитирајќи го Министерството за индустрија.

Доколку резултатите од пробниот период, кој првично ќе трае две години, бидат позитивни, мерката може да се прошири и на други делови од пазарот на трудот.

Вкупно 10 милиони евра се достапни за проектот кој вчера беше објавен во Службен весник.

Во проектот може да учествуваат мали и средни претпријатија, со најмногу 249 вработени во производниот сектор. Државата ќе им плати најмногу 150.000 евра доколку го намалат неделното работно време за најмалку 10 отсто за 25 до 30 отсто од вработените, во зависност од големината на компанијата.

Компаниите-учеснички мора да покажат и внатрешни организациски подобрувања во првата година од пробниот период, со цел да се подобри продуктивноста и да се компензира за повисоките плати по одработен час.

Компаниите можат слободно да одлучат дали ќе го намалат дневното работно време или ќе воведат четиридневна работна недела.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени