Владата очекува новиот сопственик на ОХИС да им ги плати заостанатите 14 плати на вработените и да реши некои од проблемите што ги има овој хемиски комбинат.
„Владата изминатите години прави се да ги олесни условите на тендерот за продажба на ОХИС, но да се задржи целокупниот број на вработени.
– Очекуваме на последниот тендер, ОХИС да добие нов сопственик и на тој начин да се решат дел од проблемите“, одговори министерот за економски прашања Владимир Пешевски на пратеничко прашање кога вработените во ОХИС ќе добијат плата.