Пчелните семејства даваат двојно помалку мед поради климатските промени

Од:

Климатските промени и другите проблеми се причина двојно да бидат намалени приносите на мед од едно пчелно семејство, велат производителите, учесници на натпреварот за квалитет на мед во Тетово. Се повеќе пчелари имаат проблем да произведат мед.

-Просекот од 10 килограми по пчелно семејство што сега го сметаме како добар просек, пред 10-20 години бил по 20 килограми од пчелно семејство. Влијанието на климатски промени е еден од најглавните фактори. Специфични проблеми нагло го намалија приносот на мед по пчелно семејство глобално, вели Владимир Антовски, пчелар од тетовско Жилче.

-Влијаат многу фактори, најмногу климатски промени, а потоа и пестициди во земјоделството, дојде и коронавирусот, па беше ограничено движењето поради репроматеријалите кои не се произведуваат тука, рече Дритон Дикена, пчелар.

Слободан Јефтиќ, меѓународен судија за квалитет на мед од Србија потенцира дека во земјава поостои квалитетен мед и дека оваа гранка може и треба да биде водечка гранка за развој на земјоделството.

-Медот од Балканот е најквалитетен во Европа, затоа Германците толку многу го плаќаат за да бидат со поквалитетно здравје. Луѓето комотно да почнат да се занимаваат со пчеларство, пчелата ни е вредно суштество кое помага за опрашување. Земјоделството и пчеларството може да напредуваат во продажба и извоз на мед, изјави Слободан Јефтиќ.

-Ние како пчелари од Македонија учествуваме на многу меѓународни натпревари, а пример во Тузла бевме 40 претставници. Од сите експерти што оценуваа мед, македонскиот мед беше оценет како најдобар во регионот и во Балкан. Веќе го именуваат како „Течен дијамант од Македонија“. Ние имаме квалитетен мед, а што недостига е да излеземе на светскиот пазар. Не може да правиме авиони, но сигурен сум дека може да прозиведуваме многу квалитетен мед. Би требало да имаме повеќе соработка и со државните институции и локалната власт со разни мерки и грантови за тие да го развиваат пчеларството затоа што Македонија може да биде светски бренд во пчеларството, истакна Дритон Дикена од пчеларското здружение „Градот на пчелите“.

-Со учество на манифестации за утврдување на квалитет на мед пчеларите добиваат сертификат со кој може да излезат пред купувачите дека е веродостоен, вреден да се конзумира, потенцира Владимир Антовски.

Во државата се бројат околу 242 илјади пчелни семејство кои ги одгледуваат над шест илјади пчелари.

Би можело да ве интересира

Пчелите и медот да бидат заштитени со закон, граѓаните да научат како се препознава вистински мед

Ана Ололовска

Втор меѓународен натпревар за квалитет на мед „Tetovo honey awards 2020“

Ана Ололовска

Саем за мед во Скопје од денеска до недела

Ана Ололовска

Медот и пчелите да се заштитат со закон, бара здружението „Матица“

Ана Ололовска

И Атиџе на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020“

Ана Ололовска

Почнуваат „Деновите на македонскиот мед 2020“

Ана Ололовска