Отворен конкурсот за Наградата за социјално претприемништво 2017

Од:

Младите што имаат идеја и се заинтересирани за отворање бизнис во областа на социјалата преку креирање ново иновативно решение, од денеска до 8 мај може да аплицираат за Наградата за социјално претприемништво „Social Impact Award 2017“.

Конкурсот е отворен он-лајн, на веб-страницата socialimpactaward.mk. По неговото завршување, се бираат најдобрите десет апликации кои минуваат низ период на инкубација. Апликантите потоа добиваат менторски часови и инструкции како да ја доразвијат идејата, а во септември се бираат три победнички решенија и на секое му се даваат по 2.000 евра. Предвидена е и четврта награда, која подразбира обезбедување дополнителна менторска поддршка.

Иницијатор на Наградата која се доделува трета година по ред, е организацијата Млади инфо, поддршката ја обезбеди Шпаркасе банка, а покровител е Фондот за иновации и технолошки развој.

– Целта на Social Impact Award е младите да отворат сопствени социјални бизниси. Сакаме да ги мотивираме да аплицираат на конкурсот, да се самовработат и да направат нешто добро за општеството. Битно е да детектираат некој предизвик и да изградат бизнис модел за него. Тоа е и идејата на социјалното претприемништво кое е се уште во зачеток кај нас, истакна националниот координатор на Наградата Марија Матевска.

Апликациите може да се однесуваат на екологија, здрав животен стил, лица со попреченост,…

– Целиот циклус завршува на почетокот на ноември кога сите млади имаат можност да учествуваат на Европскиот самит кој годинава ќе се одржува во Белград. Таму се запознаваат со други млади социјални претприемачи ширум Европа и разменуваат искуства, објасни Матевска.

Фондот за иновации од оваа година се вклучува со поддршка на Иницијативата за социјално претприемништво. – Работиме на поддршка на иновациската дејност и на промоција на иновациите генерално во бизнисот, вклучувајќи ги и социјалните иновации кои произлегуваат од младите, старт-ап претпријатијата, бизнис секторот,…, а решваат некој општествен проблем. Имајќи го предвид корисното од ваквите иницијативи, се надеваме дека до крајот на годината ќе имаме навистина интересни проекти кои ќе се имплеметираат во бизнис решенија, рече директорката на Фондот Јасмина Поповска.

Сите вакви идеи, додаде, се потенцијални корисници на средства од Фондот.

Досега преку Фондот се поддржани четири претпријатија кои во својот бизнис модел имаат социјална иновација. Се однесуваат на грижа, нега на стари лица, рециклирање стаклен отпад,…, проекти кои имаат позитивно еколошко влијание или бенефит за животната средина.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за претприемништво објави оглас за менторство за мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Глобална недела на претприемништво од 16 до 22 ноември

Ана Ололовска

Во „Македонско село“ младите претприемачи ќе отвораат сопствен бизнис без плаќање режиски трошоци

Ана Ололовска

380 компании заинтересирани за грант за брзо закрепнување од Ковид-19, предност имаат раководените од жени

Маја Илиевска-Пачемска

Агенцијата за претприемништво објави јавен повик за менторски услуги

Ана Ололовска

ССК: Претприемачите трпат штети и немаат алтернативен начин за вршење дејност

Ана Ололовска