Отпуштени високи шпански службеници се откажуваат од обесштетувањето во корист на буџетот

Од:

Неколку десетици високи шпански службеници, кои добиваат обесштетување поради отпуштањето од работа, се откажаа од тие пари, со што во буџетот ќе се заштедат 4,7 милиони евра, изјави претставник на шпанската Влада.

Од вкупно 85 високи шпански службеници, кои имаат право на обесштетување, само 21 се согласиле да продолжат да ја примаат таа сума.

Овие службеници биле во составот на поранешната администрација на социјалистичката влада на Хозе Луис Сапатеро.

Шпанија се обидува да го намали буџетскиот дефицит од 8,9 проценти од Бруто домашниот производ во 2011 година на 6,3 отсто во тековната година и на 4,5 проценти во 2013. Во 2014 година Шпанија треба да има дефицити од три проценти од БДП. За таа цел шпанската Влада спроведува драконски мерки за штедење.

Невработеноста во Шпанија изнесува 25 проценти.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата