Осум стартапи од Сеавус Акцелераторорт успешно ја завршија регионалната Tech Boost програма

Од:

Осум стартапи од Сеавус Акцелераторот успешно ја завршија третата Tech Boost програма, која Сеавус ја реализираше во партнерство со Startup Wise Guys и Spring Activator, а четири од нив станаа дел од првиот регионален акцелератор.

По три месеци од пред-акцелераторската програма, 33 стартапи од 6 држави од регионот – Босна и Херцеговина, Албанија, Северна Македонија, Србија, Косово и Хрватска имаа можност да се претстават и да станат дел од првиот регионален акцелератор.

На овој Стартап Демо Ден осум стартапи поддржани од „Сеавус Акцелератор“: Generation Impact- Iva Velkovska; Kenzo MK; Bintern; GoConf; Finance Titans; Prodavnici.mk – Продавници МК; Klik Superapp; Beehold имаа ексклузивна можност своите бизнис-идеи да ги претстават пред инвестициски судии од партнерските организации и со тоа да обезбедат учество на првата регионална акцелераторска програма.

Поддржана од Академијата за претприемништво на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (EFSE) и ЕУ, програмата Tech Boost во својата пред-акцелераторска фаза броеше 33 стартапи, од кои 12 стана дел од акцелераторска фаза. Во пред-акцелераторската програма од страна на Сеавус Акцелераторот се претставија 8 стартапи и од нив на овој демо ден се избрани Kenzo MK; Bintern; Klik Superapp; Beehold кои ќе бидат дел од првиот регионален акцелератор, и ќе имаат можност да освојат награда од 15.000 евра. Дополнително овие стартапи ќе имаат можност да се претстават пред странски и домашни инвеститори и да обезбедат многу поголеми инвестициски фондови за нивните бизниси.

Со ова Сеавус Акцелераторот во партнерство со едни од најдобрите европски акцелератори- Startup Wise Guys и водечкиот инкубатор и акцелератор Spring Activator со седиште во Канада, ја имплементираше својата петта акцелераторска програма која беше дизајнирана да ги зајакне внатрешните капацитети на претприемачите во рана фаза и да им помогне да ги скалираат своите бизниси на глобалниот пазар.

Би можело да ве интересира

Отворен повик за млади креативци до 27 години: Награда за најдобра идеја за Надминување на последиците од ковид пандемијата

Сеавус се проширува на европскиот пазар, ја отвори првата канцеларија во Полска

Официјално почна глобалната програма Accelerate2030 во нашата земја

Сеавус едукативниот и развоен центар ќе спроведе промотивна кампања креирана од студентите

Натпревар на идеи во Seavus едукативниот и развоен центар

Стратешкиот чешки инвеститор, Групацијата АРИКОМА, најавува продолжување на инвестициите во ИТ експерти во Северна Македонија

Жарко Настоски