Ослабe доларот заради понискиот кредитен рејтинг на САД

Од:

Вредноста на американскиот долар доживеа опаѓање откако агенцијата Moody’s го снижи кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа11 поради огромниот дефицит на федералниот буџет, високите трошоци за финансирање и планираните кратења на даноците.

Доларот минатата седмица забележа пад од 1,9 проценти во однос на шесте најзначајни светски валути.

Вредноста на еврото во однос на доларот е зголемена за 1,7 проценти, односно едно евро се разменува за 1,1360 долари. Американската валута забележа намалување на вредноста во однос на јенот за 2,1 отсто – еден долар се разменува за 142,55 јени.

Јавниот долг на САД изнесува приближно 36,2 трилиони долари и би можел да се зголеми за дополнителни 3,8 трилиони долари во следните десет години, бидејќи претседателот на САД, Доналд Трамп планира да ги намали даноците. Поради ова, приносите од американските државни обврзници значително се зголемија, што значи дека Владата мора да позајмува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил, ако не се намалат владините трошоци.

Притисокот врз доларот се засили пред два дена, кога Трамп повторно и се закани на Европска Унија со царини од 50 проценти од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ. “Притисокот врз доларот се засили пред два дена, кога Трамп повторно и се закани на Европска Унија со царини од 50 проценти од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ”.

Би можело да ве интересира

Во Велес откриени фалсификувани долари

А1он