„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ – единствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор

Од:

Оне Македонија телекомуникации“, фирма на унгарската Фор-ај-џи“, е единствената компанија која достави понуда на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации за доделување одобренија за нов мрежен оператор.

Комисијата за спроведување на тендерот со јавно наддавање денеска на отворањето на понудите во АЕК констатираше дека понудувачот ги доставил сите документи.

– Постапката ќе продолжи согласно законот. Следува евалуација на документацијата, по што ќе се изготви извештај, изјави Игор Бојаџиев, претседател на Комисијата.

Бидејќи се распишани локалните избори, одлуката, доколку е се во ред, ќе биде донесена по завршување на изборниот процес.

Тендерска документација за трет мобилен оператор подигнале три компании.

Потенцијалниот нов мобилен оператор во земјава, според условите од тендерот, треба да почне со работа на крајот на 2026 година.

Би можело да ве интересира

Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

А1он

АЕК ќе распише јавен тендер за нов мобилен оператор поради голем интерес

Потешкотии во мобилната телефонија на А1

Групацијата 4iG го поздравува започнувањето на јавните консултации на АЕК за нов мобилен оператор

A1on

АЕК почна постапка за јавна расправа за спроведување тендер за трет мобилен оператор

(ВИДЕО) Шапуриќ: ЛДП бара итно воведување на трет мобилен оператор во земјата