Одлуката за предлогот на АМАН за враќање на евтината тарифа на струјата кај пратениците

Од:

Две комисии во ист о време денеска ќе одлучуваат дали ќе се прифатат измените на законот за енергетика.

Измените влегоа како граѓанска иницијатива, откако како подршка „Аман“, собра 13.169 потписи за подршка.

„Аман“, која летоска протестираше,  предлага враќање на евтината дневна тарифа, која би се применувала и во неделите од 00.00 до 24.00 часот.

„Аман“ предлага и да не се наплаќа никаков надоместок за граѓаните кои се исклучиле од електрична енергија, топлинска енергија или природен гас.

Граѓанската иницијатива предлага усогласувањето на подзаконските акти со Законот за енергетика, Регулаторната комисија за енергетика да ги донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, а нивната примена да биде веднаш или најдоцна во рок од 24 часа.

Основната цел за измени во  Законот за енергетика е заштита на економските и социјалните права на граѓаните на Република Македонија, гарантирани со Уставот и укинвање на монополите во оваа област, како и на граѓанинот да не му се наметнува обврска за нешто што не го користи, велат од „АМАН“.

Власта досега одбиваше да ги прифати апелите и барањата на „АМАН“ и на опозициските партии. Сега е неизвесно каква ќе биде одлуката, бидејќи во јавноста излезе информација дека е можно попуштање и омекнување на ставот, поради изборите.

 

 

Би можело да ве интересира

Принцот Вилијам во прва официјална посета на Блиски Исток

Ана Ололовска

Член на обезбедувањето во израелската Амбасада во Аман отворил оган кон Јорданец

Ана Ололовска

Во јавниот простор се бие битката за општествени промени

Емир Латифовиќ

(ФОТО) АМАН: Фронтот се шири, со масовност до конкретни резултати

Емир Латифовиќ

Една година од најмасовните социјални протести во Македонија

Емир Латифовиќ

„АМАН“ се откажува од битката за поевтина струја

Емир Латифовиќ