Од утре ќе точиме поскап бензин во Македонија?

Од:

Американската лесна нафта за испорака во мај поевтини на берзата во Њујорк за 52 центи при вчерашното тргување и во моментов се продава по цена од 49,57 долари за барел.

Северноморската нафта од типот Брент која се увезува и во Македонија на берзата во Лондон поевтини за 50 центи на 56,60 долари за барел, јави Франс Прес.

Иран е голем производител на нафта и укинувањето на санкциите ќе ја спушти цената на подолг рок.

Сепак, на краток рок цените на енергенсите во Македонија не се очекува да се намалат.

Утре, Регулаторната комисија за енергетика ќе направи нова корекција на цените. Доколку нема некои посериозни поместувања на светскиот пазар, не се очекуваат ни посериозни промени во Македонија. Можно е да возиме горива поскапи за еден денар по литар.

Би можело да ве интересира

Нови цени на бензините и дизелот

Поскапува мазутот

Поскапува дизелот

Поскапува дизелот

Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС-98

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста