Од понеделник повторно поскап бензин?

Од:

Американската лесна нафта вчера на берзата во Њујорк за речи си половина долар на 45,22 долари за еден барел.

Северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува во Македонија на берзата во Лондон исто така регистрираше поевтинување за 50 центи за еден барел на 48,1 долари.
Пазарите минатата недела ги разниша веста дека клучниот показател за економската активност на Кина падна на најниско ниво во последните шести ипол години што е најнов знак за забавување на растот и на другите економии во светот.

Но за возачите тоа и не е така лоша вест, особено ако се има предвид дека влијае на намалување на цената на горивата во малопродажбата.

Сепак, и понеделничката цена е за скоро 0,7 долари повисока од просечната врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги формираше малопродажните цени минатиот понеделник.

Лоша вест е и движењето на курсот на доларот во однос на денарот.

Во такви околности, мала корекција на цените во нагорна линија во понеделник не би требало да биде изненадување. Доколку се задржи овој тренд можеме да очекуваме поскапување на цената на горивата меѓу половина и денар и половина по литар.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95