Од полноќ повисоки цени на бензинот и дизелот

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека донела одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,43% во однос на одлуката од 7.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,033%, кај дизелот за 4,496%, кај екстра лесното масло за 4,181% и кај мазутот зголемување е за 1,986%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,316%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,668 ден/кг и сега ќе изнесува 51,920 ден/кг.

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.10.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95