Од полноќ пониски цени на бензинот и дизелот

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија инфорираше дека донела Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50 % во однос на одлуката од 1.04.2022 година.

„Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 82,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 78,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,976 ден/кг, и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 54,154 ден/кг“, информира РКЕ.

Од 5.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 81,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 83,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 82,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 54,154 (денари/килограм)

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,646% или за 17,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,275% или за 25,900 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,931 % или за 20,500 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,204% или за 15,450 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,8040 ден/$ и е за околу 0,223 % понизок од курсот на доларот (55,9286 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95