Од полноќ пониска цена на дизелот

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека донела Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,38% во однос на одлуката од 16.09.2022 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,082 ден/кг и сега ќе изнесува 50,391 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,807%, кај дизелот намалување за 3,978%, кај екстра лесното масло намалување за 2,120% и кај мазутот намалување за 0,908%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,218%.

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, извести РКЕ.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95