Почнувајќи од полноќ се зголемуваат цените на нафтените деривати.
Според одлуката што денеска ја донесе Регулаторната комисија за енергетика зголемување има кај бензинот и кај дизелот од два денари.
Според тоа од полноќ ЕУРОСУПЕР 95 ќе чини 61,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава за 63,5 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ за 48 денари за литар.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 36,5 денари за литар. Цените кои ги корегираше регулаторното тело се однесуваат за следните две недели.