Нова средба на Еврогрупата за Грција пред утрешниот Европски совет во Брисел

Од:

Министрите за финансии од еврозоната ќе се соберат повторно вечерва во Брисел во напорите да се постигне спогодба за буџетскиот план и реформите во Грција, потребни за отпуштање на 7,2 милијарди евра, кои беа замрзнати минатото лето, а кои се дел од втората програма на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд од 2014 година.

Голем број финансиски експерти предупредија дека за да се добие зелено светло за овие финансии потребно е претходно Атина и институциите (ЕК, ЕЦБ и ММФ) да ја завршат својата работа, односно да ги прецизираат и разработат деталите од грчките предлози во сферата на даноците, пензиите и приватизацијата, претставени во понеделникот.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави по самитот на еврозоната во понеделникот дека сите страни се цврсто решени да пронајдат решение.

Тој смета дека новите грчките предлози се чекор напред во целокупниот процес.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина