Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски, денеска пред членките на Стопанската комора на Македонија, ќе ја презентира новата процедура како дел од имплементацијата на Правилникот за општите барања за безбедност на материјалите кои доаѓаат во контакт со храната.
На работилницата ќе бидат презентирани легислативата, обврските, процедурите за одобрување, изјавите за усогласеност како задолжителна документација која треба да ја поседуваат компаниите кои работат со материјали или производи што доаѓаат во контакт со храната.
Работилницата има за цел подобра информираност на деловните субјекти со одредбите од Правилникот.