Нова кована пара со светиците Вера, Надеж и Љубов

Од:

Народната банка на Република Македонија пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски цели со „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија”.

На аверсот, на новите ковани пари, во централниот дел на монетата се прикажани слики на света Вера (со крст), света Надеж (со сидро) и света Љубов (со деца) во златна боја. Под трите светици е прикажана слика на црквата Свети Трофим (Есшо, Алзас, Франција), каде што се чуваат моштите на света Софија. Во горниот дел од монетата е прикажан грбот на Република Македонија и натписите „100 денари” и „2014”. Во долниот дел од монетата е прикажан натписот „Република Македонија” на македонски јазик, како и ознаката „Аg925” и тежината на монетата „31.1 г”.

vera-nadez-ljubov

На реверсот на монетата е претставена дигитално печатена слика на трите светици  Вера,  Надеж и Љубов, претставени како млади девојки. Зад трите светици е прикажана слика од нивната мајка, света Софија прикажана во релјеф. Имињата на сите светици се исковани на македонски јазик, а по должината на работ на монетата е претставен украс.

Оваа кована пара е изработена од сребро Аg925, со тежина на среброто од 31,1 г, чистота на среброто од 28,77 грама и е во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 мм.

Цената на кованата пара „Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија” изнесува 3.800 денари.

Би можело да ве интересира

Во јануари годишен раст од 11,0% на депозитите, а 11,3% на кредитите

Европската централна банка ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења минатата година соодветствуваат со проекциите на Народната банка

ЕК формира Управувачки Комитет за СЕПА

А1он

Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата