Нова фабрика во Бунарџик

Од:

Нови 200 работни места ќе се отворат со новата фабрика на домашната компанија ФПЦ Технопласт која денеска го постави камен темелникот во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје.

Станува збор за инвестиција во износ од 10 милиони евра. Целокупното производство, според најавите, ќе се извезува и вградува во автомобилските брендови БМВ, Ауди и Рено.

На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

ФПЦ Технопласт произведува пластични компоненети за автомобилската, електричната и електронската индустрија. Компанијата е фирма-ќерка на компанијата „Тетепласт” која функционира во Македонија скоро 20 години и своето производство, пред се, го наменува за странскиот пазар.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски