Нобеловец предлага дополнителен данок на приход за Фејсбук

Од:

Дополнителен данок на приход од рекламите кои ги пласира Фејсбук би можел да ја натера таа, но и други компании да не бидат вшмукувачи за лични податоци на корисниците, оцени Пол Ромер, добитник на Нобеловата награда за економија.

Тој тврди дека дигиталните платформи можеби и не се толку големи за да пропадна, но се премногу големи за да им се верува.

– И покрај повикот на Марк Закерберг за ново законодавство и регулација, тие можеби се преголеми за да можат да се регулираат, истакна Ромер за Дојче веле. Тој оценува дека наместо законско ограничување на овие компании, попаметно е да се воведат дополнителни прогресивни даноци на сета заработувачка од реклами кои користат таргетирање. Тоа се рекламите кои на корисниците им се појавуваат врз основа на нивните лични податоци – како на пример кога некој преку пребарувачот Гугл бара половен автомобил, а потоа на Фејсбук му се појавува реклама за половни автомобили.

Би можело да ве интересира

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

Анкета: Фејсбук најлоша компанија во светот за 2021 година

Ана Ололовска

За неколку часа богатството на Закерберг се намали за шест милијарди долари

Ана Ололовска

Профитот на Фејсбук поголем за 10 милијарди долари во вториот квартал од лани

Ана Ололовска

Вибер ги прекинува деловните односи со Фејсбук

Ана Ололовска

Како изгледа работата на Facebook и Google кампањи за компании од Силиконската долина од Македонија?

Ана Ололовска